Општина: Новата локална власт и градоначалникот Бакрачески не ги укинаа двете градски линии
27.12.13 20:31
„Во врска со соопштението на ВМРО НП од Охрид, а кое се однесува на воведувањето на две градски автобуски линии, општина Охрид сака да прецизира одредени моменти, кои ВМРО НП, тендециозно ги премолчува. Точно е дека автобуските градски линии беа воведени од претходната локална власт, но исто така непобитен факт дека новата локална власт и градоначалникот Бакрачески, не ги укинаа истите. Имено, токму претходната локална власт, краток период по издавањето на дозволите на АД Галеб Охрид и “Димакс Експрес“ за превоз на патници, од само за неа познати причини ги промениле условите од јавниот тендер со што се зголемени трошоците на превозниците , па тие поради економска неоправданост дозволите за превоз самите ги вратиле во одделението за сообраќај, односно прекинале со одржувањето на линиите за превоз на патници.“ – се наведува во реакцијата на општина Охрид по повод денешното соопштение на ВМРО НП Охрид.
Оттаму велат дека по оваа новонастаната ситуација, градоначалникот Бакрачески и стручните служби, изготвиле нови услови, кои по јавниот повик ќе бидат понудени на заинтересираните фирми и повторно ќе бидат воспоставени двете градски линии за превоз на патници.
„Тое се фактите. Соопштението на ВМРО НП, за некаква нивна иницијатива на која и придаваат историски димензии!?, а при тоа истата е упропастена од кадри на нивниот коалициски партнер – СДСМ, само го покажува нивниот минорен политички капацитет и влијание.“ – стои во реакцијата на општина Охрид.
Основниот суд во Охрид денеска донесе ослободителна пресуда за Илија Спасески и Борче Ангелов, обвинети за нанесување тешка телесна повреда на Христијан Пендиков во инцидентот што се случи во јануа...
Со свечена академија „Од идеја до независност“, што вечерва се одржа на малата сцена во НУ Центар за култура „Григор Прличев“, Охрид го започна одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската...
Денес, на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, во пријатна и интерактивна атмосфера се одржа отвореното предавање „Исхраната како грижа за себе: женското здравје во фокус“, со проф д-р Ан...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.