Од локалната самоуправа ги отфрлаат обвинувањата изнесени на вчерашната прес конференција на членот на ИК на ВМРО ДПМНЕ, Кирил Пецаков, дека новиот сообраќаен режим во стариот дел од градот е неиздржан и е директен удар врз туризмот.

Од локалната самоуправа потенцираат дека редуцираниот сообраќаен режим во старото градско јадро е донесен врз основа на три основни елементи.

  • Првиот основ е изработената микро студија за сообраќај во централното градско подрачје која покажа дека мрежата на улици во старо градско јадро не поднесува таков обем на сообраќај и мора да се редуцира. Вториот основ е барањето  содржано во  извештајот на реакторинг мисијата на УНЕСКО  според кое мора да има редуцирање на сообраќај во старо градско јадро како еден од условите Охрид да го задржи статусот во оваа светска организација за заштита на природното  и културно наследство. Третиот основ е барањето на жителите од стар град да се воспостави нормален режим на сообраќај, велат од локалната самоуправа.

Оттаму појаснуваат дека магнетна картичка може да добие секое лице кое живее во стариот дел од градот и поседува лична карта со живеалиште на тој дел и има возило со сообраќајна дозвола на свое име. Понатму, има право да добие и лице кое живее на друго место, а има имот во стариот дел од градот со имотен лист и сообраќајна од возило на негово име. Картичка можат да добијат и сопствениците на апартмани и мотели ако во проектот на изградба на истиот во градежна парцела се исцртани паркинзи.

  • Актуелната локална власт се надева дека со редуцираниот сообраќаен режим во стар град ќе бидат задоволни жителите на овој дел од градот, охриѓани од поширокото градско подрачје, релевантните институции кои работат на заштита на старото споменично градско јадро и туристите. Станува збор за сообраќаен режим кој многу одамна е спроведен и одлично функционира во Светски туристички центар со стари градски јадра, велат од општина Охрид.

OhridNews