Од локалната самоуправа ги отфрлаат обвинувањата на советничката група на “Сојузот за иднината” за наводен партиски реваншизам кон општинската администрација, заради нивното работно ангажирање во просториите на поранешната зграда во Косел.
– Лицемерна е употребата на терминот “мобинг”, токму од лицата кои со месеци во крајно нехумани услови, под притисоци и закани, на снег, дожд и ниски температури ги тормозеа службениците и вработените во јавните претпријатија на секојдневни т.н протести и митинизи, исполнувајќи ја својата деструктивна партиска агенда. Формирањето на списоци за учество на протестите, заплашувањето со губење на работни места, пребројувањето пред и после митинзите за случајно некој да не се одалечил во меѓувреме, наликуваа на методи од концентрациониот логор во Аушвиц или како логорите на Голи Оток, се наведува во реакцијата од општина Охрид.
Оттаму, потенцираат дека почетокот со работа на администрацијата во општинската зграда во Косел има за цел приближување и подобрување на услугите кон граѓаните кои гравитираат кон овој дел од општината.
– Оваа локална самоправа ќе направи се што е во општинска надлежност, за да ги приближи услугите до секој граѓанин на општина Охрид, без разлика дали некој живее во Вапила, Сирула, Лескоец или Косел, или во центарот на градот. За Градоначалникот Бакрачески секој жител на општина Охрид има право на еднаква административна услуга,независно од местота на живеење, град, село или приградска населба. Општинската зграда во Косел, во кој е биде сместена дел од администрацијата, ги задоволува сите услови за нормално функционирање и тоа со многу подобар квалитет во споредба со условите во пренатрупаната со администрација општинската зграда во Охрид, каде што во една канцеларија има и по 7, 8 или 9 општински службеници. Тоа е наследството кое ни го оставија од “Сојузот за иднината” и доказ за нивната наводна грижа за општинската администрација, меѓудругото стои во реакцијата.
OhridNews