Според резултатите од едногодишното истражување за транспарентност и отчетност во 84 единици на локалната самоуправа во Македонија , Општина Охрид е рангирана на високото 4-то место со освоени 21 од вкупно 25 бодови.
Истражувањето и рангирањето го изврши Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација , во соработка со програмата Civica Mobilitas и Швајцарската агенција за развој и соработка.
Општините се бодуваа според нивото на ажурност на веб-страниците, работата на одделенијата за односи со јавност, присуството на обуките и просечната оценка од анкетираните граѓани.












