Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат од Општина Охрид.

Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот пред официјалниот почетокот на летната туристичка сезона, потенцираат од Општина Охрид.
OhridNews












