Општина Охрид доби позитивно мислење за располагање со државното земјиште
30.03.12 16:46
На седницата на Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, што се одржа во Скопје ,а на која присуствуваа и градоначалникот Александар Петрески и раководителот на Секторот за урбанизам , Бранко Арнаудоски, донесена е позитивна одлука за располагање и управување со неизграденото државно земјиште . Тоа значи дека општина Охрид , целосно ги исполнува условите да управува со градежното неизградено земјиште, со што се создаваат услови за побрза и поефикасна постапка за управување и привлекување инвестиции.
За период од две недели, се очекува Владата и формално да ја потврди одлуката на Комитетот за градежно земјиште со што и официјално процесот на оттуѓување и давање под закуп, кои досега се водеа под Министерството за транспорт и врски, ќе се води во општина Охрид.
Согласно законските одредби, барањата
на општините за преземање на државното земјиште со целосно
подготвената документација треба да се доставуваат до Комитетот за
управување со државното градежно земјиште, кое по разгледувањето ги
доставува до Владата која потоа носи одлука- дали земјиштето
ќе и се отстапи на општината.
Врнежливата пролет по која настапија високи температури придонесоа за раст на вегетацијата и во урбаните средини И се би било во ред доколку граѓаните редовно ги одржуваат своите имоти, но, за жал,...
И овој викенд полицијата со полни раце работа Сообраќајната полиција извршила контрола на 278 возачи на моторни возила (Охрид-110, Струга-73, Кичево-59, Дебар-36) и при извршено алкотестирање, конс...
Вчера попладне во 1821 часот, во СВР Охрид било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело Од извршениот увид, ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.