На седницата на Комитетот за градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, што се одржа во Скопје ,а на која  присуствуваа и градоначалникот  Александар Петрески и раководителот на Секторот за урбанизам , Бранко Арнаудоски, донесена е позитивна одлука за располагање и управување со неизграденото државно земјиште . Тоа значи дека општина Охрид , целосно  ги исполнува условите да управува со градежното неизградено земјиште, со што се создаваат услови за побрза и поефикасна постапка за управување и привлекување инвестиции.

За период од две недели, се очекува Владата и формално да ја потврди одлуката на Комитетот за градежно земјиште со што и официјално процесот на оттуѓување и давање под закуп, кои досега се водеа под Министерството за транспорт и врски, ќе се води  во општина Охрид.

Согласно законските одредби, барањата
на општините за преземање на државното земјиште со целосно
подготвената документација треба да се доставуваат до Комитетот за
управување со државното градежно земјиште, кое по разгледувањето ги
доставува до Владата која потоа носи одлука- дали земјиштето
ќе и се отстапи на општината.

OhridNews