Општина Охрид ја објави конечната листа на ученици од основните и средни училишта кои се добитници на стипендии, како и листата и на ученици кои не исполнуваат услови за доделување на стипендија.

Потпишувањето на договорите за доделените стипендии ќе се врши 04.02.2021 до 10.02.2021 година во Општина Охрид. За добитниците (малолетни лица) на стипендии задолжително е присуство на родител. –  информира Општина Охрид.

Доделени стипендии на ученици и студенти на подрачјето на Општина Охрид

Со одлука на градоначалникот поништен е делот од Конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти од Општина Охрид запишани на додипломски студии на домашни и универзите во други земји за академската 2020/2021 година. Општината информира дека овие парични средства се пренаменети за редовни студенти на додипломски студии од I,II, III, IV, V и VI година од Општина Охрид кои студираат на државни универзитети во РСМ во академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови.

Листата на студенти кои добија стипендии од Општина Охрид може да се погледне на следниот линк.

OhridNews