„Градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески бил и ќе биде поборник за демократски дијалог и коректна комуникација со јавноста и новинарите. Граѓаните имаат загарантирано уставно право да бидат информирани за работата на градоначалникот и Локалната самоуправа , демократски процес кој се одвива со посредство на новинарите и медиумите. Во тој процес неопходен е фер, коректен и професионален  однос“.-се вели во одговорот на Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески на реакцијата на Здружението на новионари – Регионална канцеларија Охрид кое денеска исто така преку соопштение побара да запре говорот на омраза во медиумите.

Во рекацијата на Кабинетот на градоначалникот понатаму стои:

„Општина Охрид и градоначалникот Александар Петрески , деновиве се под жесток притисок и неаргументирани напади од страна на некои медиуми и новинари. Со актуелната медиумска хајка сметаме дека му се нанесува огромна штета на имиџот на Охрид и затоа апелираме ваквата практика да  прекине и да се врати нормалниот демократски дијалог во јавноста.

Почитувајќи ги новинарите кои професионално и одговорно си ја вршат својата работа и не потклекнуваат под нечии притисоци , изразуваме жалење за  вадењето од контекст на дел реченицата  дека „ во хајката учествуваат дел од охридските новинари  јаничари“ што ја употреби градоначалникот Петрески во разговор во дневникот на еден локален медиум.

Уважувајќи ја реакцијата на Регионалниот центар на ЗНМ , мора да истакнеме дека во продолжение на разговорот ,градоначалникот Петрески додаде дека се работи за новинарот Веле Митаноски кој на крајно непрофесионален начин, во негов текст објавен во дневен весник, изнесе низа невистини за вмешаност на градоначалникот Петрески во инцидентот во клубот “ Пијано“. 

Сметаме дека Веле Митаноски , криејќи се зад новинарската професија,  во објавениот текст , наргументирано објави дека разговорот на градоначалникот со еден од учесниците во инцидентот бил снимен. Со тоа , Митаноски ги прекрши нормите од новинарскиот кодекс, но и законските прописи , објавувајќи детали кои се предмет на истражна постапка.“-стои во реакцијата на Кабинетот на градоначалникот на Општина Охрид Александар Петрески.

OhridNews