Општина Охрид и годинава е дел од Меѓународниот саем за туризам во Белград, кој се одржува под слоганот „Едно патување, илјада приказни“ од денес до 22 февруари.

‎Заедно со Министерството за култура и туризам, ХОТАМ и други туристички чинители, ја презентираме нашата богата туристичка понуда. ‎Имав чест да остварам средби со туроператори, пријателски општини, медиумски претставници и со амбасадорот на Република Македонија во Србија, Никола Тупанчески, со цел да ја зајакнеме соработката и да привлечеме нови туристи во нашиот град, вели градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков.

‎Во рамки на програмата, вечерва ќе се одржи и традиционалната „Охридска вечер“, на која се поканети претставници на туристичкиот сектор од регионот.

‎Инаку, на Саемот во Белград кој се одржува по 47-ми пат учествуваат повеќе од 350 излагачи од 18 држави.

OhridNews