Делегација на општина Зрењанин, предводена од одборникот Роберт Сабо, денеска ја посети општина Охрид, каде оствари средба со заменик- градоначалникот Ангел Јанев.

На средбата, заеднички беше констатирано дека покрај воспоставената соработка со општина Вевчани за заедничко чествување на Михајло Пупин, има можност и за соработка со општина Охрид.Постојат реални услови за соработка  во областа на туризмот,спортот, културата и образвованието, особено по пат на партнерски односи во користењето на претпристапните фондови на Европската унија.

Посебно беше акцентирана можноста за соработка во образованието на талентираните ученици и отворање на специјални регионални центри наменети за нивна континуирана едукација.

OhridNews