Општина Охрид ја тужи државата поради тоа што надлежните институции на централно ниво го опструираат раздружувањето на меѓуопштинското јавно претпријатие „Проаква“.

-Општините Охрид и Струга донесоа одлука за поделба на „Проаква“ на три нови јавни претпријатија, Водовод Охрид, Водовод Струга и меѓуопштинско претпријатие Колектор, но државата одбива да ги впише во Централен регистар, поради што ние поднесовме тужба против неа, изјави градоначалникот на Охрид, Александар Петрески, според кого, некој еден ден ќе одговара за сето тоа.

Петрески најави дека Советот на општина Охрид, кој еднаш донесе одлука за раздружување на „Проаква“, повторно ќе расправа на оваа тема, со цел да се заврши процесот на поделба на меѓуопштинското јавно претпријатие, на што се спротиставува централната власт.

OhridNews