Општина Охрид со субвенции ќе им помага на социјално загрозените семејства да ги подмират трошоците кон комуналното претпријатие.
Градоначалникот на Охрид и неговите колеги од општините во кои на власт е опозициската СДСМ: Карпош, Куманово и Струмица, денеска во Скопје најавија отпочнување на проект со кој ќе одвојат по 36 милиони денари за субвенционирање на трошоците кон комуналните претпријатија за плаќање на сметките на социјално најзагрозените семејства.











