Општина Охрид ќе ги стипендира охридските спортисти
08.01.09 07:30
Програмата за спорт што ја изгласа Советот на Општина Охрид на последната маратонска седница, предвидува 6.867 000 денари кои ќе бидат искористени за равој на спортскиот дух кај младите и заживување на спортот во Охрид.
Десет спортисти кои ќе бидат дел од проектот „Стипендија за млади таленти- спортист„ ќе добиват по 3.000 денари.
– Ова не е прв пат ваква одлука да донесе охридскиот совет. Изградбата на мини-игралишта, како и формирањето на ЈП Билјанини Извори се показатели колку охридскиот совет се залага за развој на спортот во градот – вели Јоне Симоновски советник од редовите на Вмро НП.
Спортот во Охрид се наоѓа во сивило и со вакви награди и стипендии се очекува работите да се помрднат од мртва точка.
– Младите во Охрид речи си` и да не се занимаваат со спорт. Една од причините е и слабата инфра-структура. Средствата од овај проект ќе бидат наменети за развој на врвен спорт, за спортисти кои постигнале резултати како на локално, државно така и на меѓународните натпреварувања на кои настапиле – завршува Симоновски
Кој од охридските спортисти ќе ги добие стипендиите ќе одлучува комисијата која допрва ќе ја формира Општината. Покрај доделувањето на стипендиите во текот на годинава се очекува и изградба на две трим патеки во основните училишта “Григор Прличев” и “Братство-единство”, додека овие две образовни установи ќе добијат и игралишта за кошарка.
Дукла Прага е силен противник, двократен европски првак и екипа која се бори за титула во националното првенство Затоа е потребно максимално залагање и фокус во текот на целиот натпревар и силна по...
Прес конференција на тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ и средниот бек Тилен Стрмљан, пред натпреварот од ЕХФ Европскиот Куп со Дукла Прага, што ќе се одигра утре вечер (сабота), во салата “...
Украинскиот скелетон-пилот Владислав Хераскевич нема да може да настапи на денешната трка во рамки на Зимските олимписки игри Милано-Кортина 2026, откако одби да се придржува кон “насоките за...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.