Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје упати благодарност до општина Охрид за несебичната поддршка и придонесот кој го имаше Локалната самоуправа за успешно одржување на овогодинешната летна школа, а истовремено изрази надеж дека успешната соработка ќе продолжи и во иднина.
Семинарот е една од најзначајните манифестации кои го афирмираат македонскиот јазик.
Од Локалната самоуправа информираат дека општината и понатаму, во континуитет , ќе продолжи да го поддржува неговото опстојување.












