
-Овие се истите оние луѓе кои под превезот на „Чист Охрид“ дозволија во непосредна близина на центарот на градот да изникне депонијата „Мауцкер“. Е тоа никој никогаш во Охрид нема да им го прости. Тоа се истите луѓе чија главна реформа во „Охридски комуналец“ беше помпезно поставување на најлонски кеси во Охрид. Истите овие луѓе не набавија нити едно ново возило за подигање на смет, туку се обидуваа со ефтини трикови за набавка на стари и дотраени возила да ја замајуваат јавноста. И од “врвните“ менаџери на „Охридски комуналец“ единствено наследивме активирана хипотека за неплатен кредит за просториите на ЈП „Охридски комуналец“ во Градскиот пазар. Токму можноста овие атрактивни простории да бидат запленети од една деловна банка каде „Охридски комуналец“ имаше неплатени обврски по основ за кредит, го означуваше почетокот на мандатот на директорката Скрческа. Потоа следуваше период на финансиска стабилизација на претпријатието, воведување на ред и дисциплина во работењето и секако набавка на нови возила што се случи за прв пат после 30 години. – се вели во писмената реакција.
Новиот директор има силен капацитет да продолжи да го развива претпријатието, секако во тимот надополнет со искуството и знаењето на поранешната директорка Скрческа, која не заминува во пензија како што тоа го вели СДСМ Охрид, стои во соопштението.
OhridNews











