Општина Охрид реагира на критиките на СДСМ упатени по повод промоцијата на новите  инфраструктурни проекти реализирани од локалната самоуправа, кои градоначалникот Пецаков денеска ги претстави во друштво на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски.

За жал, терминолошка бариера постои во СДСМ па не знаат да направат дистинкција помеѓу пишување и реализирање. Едно е да пишуваш, а сосем друго е да успееш да реализираш. За тоа колку проекти се реализираа во изминатите 100 дена јасно сведочи отчетот за 100 дена кој што го изработивме и го презентиравме пред граѓаните, нешто што воопшто не беше случај со минатата владејачка гарнитура. Незамисливо е колку гнев и омраза треба да имаш за да не си го сакаш сопствениот град. Секоја една инвестиција која се реализира или секој градежен зафат кој значи подобрување на инфраструктурата и условите на живот на граѓаните, наместо да го поздрават, тие од петни жили се обидуваат што повеќе да го искритукуваат. – се вели во реакцијата на Опптина Охрид.

Општина Охрид: Наместо да се поздрават инфраструктурните проекти неосновано се критикуваат

OhridNews

СДСМ: Мицкоски и во Охрид промовира проекти на СДСМ, неговите градоначалници не работат ништо

Пецаков и Мицкоски на увид во градежните активности: Охрид повторно започнува да се гради