Локалната самоуправа не крие каде се тршат буџетските пари, ниту колкави се долговите. Градоначалникот Александар Петрески наследи околу 13 милиони евра стар долг, успеа да го покрие поголемиот дел и со земањето на комерцијален кредит, за кој сеуште од неразбирливи причини Министерството за финансии не дава согласност. Вака кабинетот на охридскиот градоначалник одговори на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ.

-Општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ деновиве ја контаминира и малтретира јавноста со нивното наводно сознание дека Локалната самоуправа сега должи 15 милиони евра. Износот апсолутно не е точен и наскоро ќе ги демантираме со факти , а од нив очекуваме на граѓаните да им одговорат , колку пари ќе се потрошат за градбите на Плаошник и од каде потекнуваат, стои во соопштението на локалната,  упатено до јавноста.

Во него се бара од  охридските вмровци  да прашаат како се трошат парите на буџетот на Република Македонија, кој го донесе парламентот со мнозинство гласови од нивната партија и коалиционите партнери.

OhridNews