Општина Охрид објави повик за субвенционирање на традиционални занаети регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Охрид на подрачјето на општина Охрид.
Висината на субвенцијата ќе се утврдува така што вкупниот износ на средствата планирани за оваа активност во буџетот на општина Охрид ќе се распределат пропорционално со бројот на пријавените занаетчии од традиционални занаети кои ќе ги исполнуваат условите и критериумите од повикот. Секој барател кој ги исполнува условите од повикот ќе добие ист износ на средства, стои во повикот.
Право на учество на јавниот повик имаат новорегистрирани и веќе регистрирани занаетчии од традиционални занаети, согласно Законот за Занаетчиство како физички и правни лица, кондурации, опинчари, производство на хартија, книговез, ваљајчари, бојаџии, кувенџии, резба на дрво и бакар, филигран, ткајачи и четкари, занаетчиите кои имаат подмирени обврски кон општина Охрид, (комунална такса, фирмарина) за претходните две години овие податоци Комисијата надлежна за спроведување на повикот ќе ги обезбеди по службен пат.
Јавниот повик трае десет дена од денот на објавувањето.
Повеќе информации на линкот.
OhridNews













