Објавен јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2022 година, согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид и Програмата за поддршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2022 година.

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности, велат од Општина Охрид.

Заинтересираните, како што е наведено, мора да ги поднесат своите предлози користејќи го формуларот за пријавување којшто е достапен на http://www.ohrid.gov.mk

Комплетната проектна документација треба да содржи пополнет “Aпликационен формулар со буџет“ – кој е објавен на веб страната на општина Охрид www.ohrid.gov.mk, копија од тековна состојба на правниот субјект од Централен регистар и проектната документација која треба да биде доставена во еден (1) примерок во оригинал и две (2) копии како и електронска верзија на проектниот предлог доставена на CD, информираат во повикот.

Крајниот рок за прием на пријавите е 15.04.2022 година до 14:30 часот. Пријавите кои ќе пристигнат по завршувањето на крајниот рок ќе бидат автоматски одбиени.

OhridNews