Минататата локална самоуправа, предводена од Александар Петрески и неговиот тим- кадри на СДСМ, трајно ја осакатија можноста за создавање експедитивна, функционална и ефтина администрација, стои во реакцијата на локалната самоуправа по повод обвинувањата за мобинг што кон неа ги упати ОО СДСМ Охрид.
-Обвинувањата за мобинг врз вработените во локалната самоуправа се тотална измислица за искривување на погубните факти во која кадрите на СДСМ ја донесоа општина Охрид. Контрадикторно и смешно е истите лица кои во минатото насилнички и со закани се однесуваа кон своите колеги, за нивно секојдневно присуство на т.н граѓански протести, кои ги организираше СДСМ, а истото го прават и денес, сега да обвинуваат за “мобинг” врз нив, Физичките напади, омаловажувањата и заканите како стил на изразување на поединци од екс администрацијата, применуван во минатото, е акт кој законски се санкционира.-стои во соопштението на Кабинетот на градоначалникот Бакрачески.
Оттаму потсетуваат дека во 2005 година кога го започна мандатот Александар Петрески и СДСМ, бројот на вработени во локалната администрација изнесувал 52 лица. Во 2013 година кога го завршил мандатот, бројот на вработени во општинската администрација изнесувал 265 лица.
– Само во периодот од 2011 година (пред вонредните парламентарни избори) до 2013 година, бројот на државна администрација во општина Охрид е зголемен за стотина. Во екот на предизборието, во месец февруар оваа година, вработени се дури 40 државни службеници, во најголем дел по партиска основа. Бројот на дополнително ангажирани лица во општинската администрација која ја затекна новото раководство е уште 160 лица со времени договори, во најголем дел без никакви работни обврски.-се вели во реакцијата.
Од кабинетот на градоначалникот Бакрачески, се посочува дека де воведува нов концеп на работа, кој треба да донесе новини во административното работење и подобрување на услугите кон граѓаните.
-Посветеното работењето на Градоначалникот Бакрачески и неговиот тим, бескрајните часови поминати во средување на состојбите, имаат единствена цел-да ја амортизираат погубната состојба која СДСМ и Петрески ја оставија во општина Охрид. Нема повеќе толеранција за неефикасност, лежерност, нефункционалност, нерационалност и расипничко однесување, без разлика за кого се работи, на која позиција во администрацијата се наоѓа И БЕЗ РАЗЛИКА НА КОЈА ПОЛИТИЧКА ОПЦИЈА ПРИПАЃА.
Принципот на ароганција, закани, уцени и насилно однесување кои го применувале поединци во минатиот раководен тим, треба да знаат дека е веќе завршен, а СДСМ и нивните членови кои работата во општинската администрација мора да го прифатат концептот на чесност, отчетност, посветеност и резултати во своето работење. Во спротивно, КАКО И ЗА СЕКОЈ ДРУГ, ќе се применуваат законските прописи кој ја регулира проблематиката за несовесно и неодговорно работење.-се истакнува во соопштението на Кабинет на градоначалникот Бакрачески.