Општина Охрид објави јавен повик за субвенционирање на регистрирани занаетчии на подрачјето на општината за 2023 година.
Предмет на јавниот повик е субвенционирање на дефицитарни занаети и занаети во изумирање регистрирани во Регионалната занаетчиска комора – Охрид на подрачјето на Општина Охрид. Висината на субвенциите за оваа категорија е максимални 12.000 мкд, се наведува во повикот.
Право на учество имаат опинчари, четкари, РТВ механичари, чевлари, валјачарство, клучари, свеќари, изработка на хартија, книговезни и сродни услуги и производство на куфери, рачни торби и слични предмети, сите регистрирани занаетчии од овие дејности кои имаат сопствен дуќан или под закуп лоциран на подрачјето на Општина Охрид, занаетчиите кои имаат намирени обврски кон Општина Охрид, (комунална такса – фирмарина) за претходната година заклучно со датата на поднесување на барањето и занаетчии кои започнале со работење најмалку 1 (една) година пред објавувањето на јавниот повик (регистрација/упис во Регистарот на занаетчии).
Времетраењето на јавниот повик е од денот на објава на јавниот повик до целосно исцрпување на финансиските средства наменети за повикот, но не подолго од 15 дена од денот на неговото објавување.
OhridNews












