Градоначалникот Кирил Пецаков и Општина Охрид со честитка по повод 15 годишниот јубилеј кој го прославува редакцијата на OhridNews овој декември. Во роденденската честитка, Општината ја потенцира успешната соработка со медиумот кој, како што се посочува, со висока професионалност ја задржа високата позиција во медиумскиот информативен простор.

OhridNews со своето препознатливо ниво на професионалност и објективност ја задржа својата висока позиција во локалниот информативен простор и во поширокиот регион. Се радуваме што од година во година медиумот продолжува да се осовременува и да биде уште поинтересен за читателите. Со желби за поголем напредок и развој Ви посакуваме уште многу успешни години и јубилеи. Се надеваме дека нашата успешна соработка ќе продолжи и во иднина и дека OhridNews ќе продолжи да биде хроничар за животот во Охрид и за охриѓани. –  стои  во честитката од Општина Охрид. 

OhridNews