
– Организирањето на овој форум е дел од втората компонента на проектот „Зајакнување на општинските совети”, кој општината го реализира во соработка со УНДП и Швајцарската амбасада во Република Македонија. Форумот на заедницата е една од најкорисните алатки за успешно вклучување на граѓаните во процесот на донесување на одлуки на локално ниво и се организира со цел да се дефинираат приоритетите и потребите на граѓаните во повеќе сфери од секојдневното живеење во општината. изјави заменик градоначалникот, Константин Георгиески.
Темата на првата форумска сесија е „Социјална инклузија“ , а целта на форумските сесии ќе биде да се предложат и утврдат приоритетни проекти од областа на социјалната инклузија во општина Охрид. Учесниците на формуските сесии имаа можност да одредат кои се приоритетите за социо-економскиот развој на општината и кои активности може да се спроведат за подобрување на состојбата во локалната заедница.
OhridNews











