
На новоотворениот шалтер за оваа категорија граѓани, кој е сместен во приземјето на општинската зграда, ќе работи лице со познавање на јазикот на знаците и тоа лице ќе посредува во комуникацијата помеѓу граѓаните со хендикеп и службениците односно службите на кои тие им се обраќаат. Работното време на Шалтерот за лицата со посебни потреби е секој работен ден во терминот од 10 до 13 часот.
Општина Охрид е прва и засега единствена во Републиката која го решава овој проблем на лицата со посебни потреби.
ohridnews
фото: Општина Охрид











