Општина Охрид со писмено соопштение возврати на обвинувањата што кон неа беа упатени на денеска одржаната прес конференција на ВМРО ДПМНЕ.
Во него стои дека испаничени од најавените смени, во локалното раководство на ВМРО- ДПМНЕ наместо да си ги анализираат своите постапки, продолжуваат неаргументирано да ја напаѓаат работата на Локалната самоуправа и градоначалникот Александар Петрески. Со тоа, стои во реакцијата, сакаат да ја замајуваат јавноста и одговорноста за нивните грешки и неуспеси, да ја префрлат на други и да се спасат од внатрепартиската чистка.
-Разжестени, како да се во предизборна кампања, со недолична и приземна политичка реторика, без аргументи, тврдат дека Локалната самоуправа и градоначалникот Петрески потрошиле 50 милиони евра, а не изградиле ништо. Јавноста треба да знае дека овие средства исклучиво се потрошени за инфраструктурни објекти во Општина Охрид, а не за огради за мостови , скапи липи и споменици, како што прават нивните каадри. Ако не се уплашени, јавно нека побараат отчет каде се трошат стотиците милиони евра кои Владата на чело со ВМРО- ДПМНЕ редовно ги обезбедува со заложување и задолжување на државата. Во ОК на ВМРО- ДПМНЕ треба да знаат дека тие долгови се огромни и дека треба да ги враќаат идните поколенија. Ги потсетуваме челниците на ОК на ВМРО- ДПМНЕ дека неколку стотици оштетени вработени во ЕМО, деновиве очекуваат одговор, зошто не им се исплатени ветените заостанати дваесетина плати и кој е одговорен за поигрувањето со нивните животни судбини, стои во реакцијата Локалната самоуправа.
Гостите во „Ночолино“ лаунџ бар и џелатерија во Охрид мол, синоќа уживаа со музиката на групата „Сарај“ Љубителите на добрата забава од сите генерации во весела атмосфера заедно ги пееја прекраснит...
Ноќеска во 02:55 часот, на регионалниот пат Подмоље – Струга, од слобода бил лишен 20-годишен жител на струшкото село Франгово При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопрел...
Постарите Охриѓани паметат дека најава за доаѓањето на пролетта е процветувањето на бајамите (бадемите), засадени во стариот дел на градот и во Горица Вообичаено ова се случува на средината на март...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.