Општина Охрид ги привршува активностите за изработка на новиот Локален еколошки акционен план. Обврската за изработка на овој еколошки документ произегува од Законот за животна средина и Националниот еколошки акционен план и методологијата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

– Локалниот еколошки акционен план општината го донесува врз основа на оцената на своите специфични состојби и потреби, и тој има важност за период од шест години. Веќе е изготвена нацрт верзијата на планот и истата ќе биде објавена на веб- страната на Општина Охрид во период од триесет дена, со што ќе биде достапна на увид на пошироката заинтересирана јавност, која има право на свои забелешки коментари, објаснуваат до Општина Охрид.

Од таму нагласуваат дека граѓаните ќе можат да ги достават своите забелешки во писмена форма до Секторот за урбанизам и заштита на животна средина.

-Со доставувањето на мислењата и забелешките на заинтересираната јавност ќе се придонесе за добивање на поквалитетен и посеопфатен  стратешки документ кој реално ќе ги отсликува состојбите и можностите на Општината, додаваат од Општина Охрид.

Првиот акционен план за животна средина Општина Охрид го донесе во 2002 година.

OhridNews