Невиден популизам е прес конференцијата на СДСМ за проблемот со водата за пиење со кој се соочуваат жителите на Подмоље, смета општина Охрид. Велат дека пред локалните избори во 2013 година тогашните раководства на општината и на МЈП Проаква за рњсторански услуги потрошиле 2 милиони денари, или двојно повеќе од потребните средства за решавање на проблемот со водоснабдувањето во Подмоље.

-Ако ги прашаа граѓаните на Подмоље пред да излезат на популистичка прес конференција ќе им кажеа дека се одржа средба со претставници на Месната заедница на која присуствуваа директорот на МЈП „Проаква“ и директорот на Комуналното претпријатие од Дебрца. На средбата се разговараа повеќе решенија на проблемот кој не е во директна надлежност на Општина Охрид со оглед на тоа што со водоводот на ова населено место околу 20 години го стопанисува ЈП „Комунална хигиена“ Дебрца. Оваа средба јасно ја искажува грижата на Општина Охрид и градоначалникот Никола Бакрачески за овие граѓани. – се вели во реакцијата на општина Охрид.

Оттаму уште додаваат дека граѓаните го препознаваат популистичкото и манипулативното однесување на СДСМ и дека нејзините активисти деновиве ќе одат во населени места во Охрид со цел да предимензионираат определени комунални проблеми.

-Факт е само тоа дека во периодот на нивното владеење го унаказија Охрид за илјадници метри водоводна и канализациона мрежа со кои средства би се решиле сите проблеми од овој аспект на градот Охрид. – додаваат од општина Охрид.

OhridNews