По повод 8 Декември–Денот на Свети Климент Охридски-Патронот на Охрид, охридската локална самоуправа распиша Награден литературен конкурс за учениците од охридските основни и средни училишта.

Темата на конкурсот е „Охрид во чест на Свети Климент“, а право на учество имаат сите ученици  од основните и средните училишта од подрачјето на општина Охрид. Се доделуваат  две награди, една за најдобра литературна творба за учениците од основните училишта и една за најдобра творба за учениците од средните училишта. Вредноста на наградата изнесува 3.000 денари. Конкурсот ќе трае до 30-ти ноември 2015 година.

Творбите, во два примерока, под шифра и во затворен плик да се доставуваат на адреса: „Димитар Влахов“ бр.57 или лично во архивата на општина Охрид, со назнака: За Наградниот литературен конкурс за учениците од основните училишта, односно: За Наградниот литературен конкурс за учениците од средните училишта. Авторството се докажува со третиот примерок и со потврда дека е редовен ученик во едно од основните или средните училишта од подрачјето на општина Охрид.

Наградите ќе бидат врачени на Свечената академија  по  повод 8 Декември–Денот на Свети Климент Охридски- Патронот на Охрид.

OhridNews