
-Овој млад неискусен политичар можеби во вакви ситуации треба да учи не само од позиционите туку и од опозиционите советници – негови партнери, кои со своето искуство и интелект никогаш не би паднале толку ниско како него и не би настојувале да добијат политички поени со вакви невкусни конструкции. На овај млад политичар општина Охрид и овој пат нема да му замери ако се земе во предвид фактот дека тој и вчера настојуваше да ја изобличи вистината кога кажа дека закана за блатото била пешачката патека што ќе се гради на тој реон. Па во овој случај само ќе го запрашаме: По што се движи кога го посетува овај дел од Охрид, стои во соопштението од општината.
Оттаму потенцираат дека право на надлежното одделение при општина Охрид е да врши корекции на веќе објавени текстови доколку станува збор за граматички или измени од техничка природа.
-Со самото тоа што и сами наведувате дека последната промена на текстот е направена на 07.03.2015 година, а не вчера, во вода паѓаат вашите конспирации и теории изнесени во денешно соопштение. Општина Охрид како сериозна институција нема да падне на ниво да коментира непроверени фотографии и содржини, завршуваат од општината.
OhridNews












