Согласно законските измени на Законот за даноците на имот кој започна да се применува од 01.01.2022 година, Општина Охрид, ги известува сите физички и правни лица кои поседуваат недвижен имот на територијата на општината, за обврските кои ги имаат за данокот на имот.
За сите непријавени имоти лицата да достават даночна пријава за утврдување на данок на имот која може да ја преземат на веб страната на општината; за дополнителните недвижни имоти (освен становите или куќите во кои живеат согласно лична карта), врз кои имаат сопственост, а се користат од други физички или правни лица, да достават договор за закуп или договор за плодоуживање, најдоцна до 28.02.2022 година и за земјоделските земјишта кои се користат за земјоделско производство, да достават Решение за запишување на земјоделско стопанство во единствениот регистар на земјоделски стопанства и Извештај за идентификација на земјишни парцели, најдоцна до 28.02.2022 година, информираат од Општина Охрид.
Додаваат дека документите можат да се достават лично на портирницата на Општина Охрид, преку пошта или на e-mail [email protected] со прилог скенирани документи (задолжително телефонски број за контакт), а сите дополнителни информации може да се најдат на официјалната страница на Општина Охрид.
OhridNews












