Општина Охрид ги известува сите правни и физички лица кои имаат добиено средства за финансирање на програми и проекти од Одделението за култура на Општина Охрид за 2026 година, дека се должни да достават наративен и финансиски извештај за реализацијата на одобрените програми и проекти.

Образецот за наративен и финансиски извештај потребно е да го пополнат сите апликанти кои аплицирале со проекти во Одделението за култура и добиле финансиски средства за нивна реализација. Апликантите кои се уште не го имаат пополнето и доставено извештајот, се повикуваат истиот да го пополнат и достават најдоцна до 30.10.2026 година, велат во соопштението.

Додаваат дека известувањето не се однесува на апликантите чија активност или проект е предвидено да се реализира во периодот од октомври до 31.12.2026 година.

Повеќе детали на линкот.

OhridNews