По повод 24 мај-ти, Денот на сесловенските просветители, општина Охрид организира пригодна свеченост во градскиот парк пред споменикот на Светите Кирил и Методиј.

Настанот ќе започне во 11 часот со читање реферат за Кирил и Методиј. Пет минути подоцна ќе биде положено свежо двеќе пред споменикот на Светите браќа, а во 11:30 ќе биде изведена инструментална нумера од страна на виолинистот Петар Маркоски.

Во 11:35 ќе бидат доделени наградите кои општина Охрид ги дава на учениците од основните и средните училишта кои освоија награди на државните и меѓународни натпревари.

OhridNews