Во рамки на одбележувањето, од локалната самоуправа најавуваат и дека ќе бидат пуштени во употреба реконструираните улици „Јабланица“ и новоасфалтираните „Пере Тошев“ и улицата „Васил Стефоски“.
Во големата сала на општинската зграда, во 13 часот Советот на општина Охрид ќе одржи свечена седница, на која ќе бидат вклучени и учениците-музички таленти од основното училиште „Григор Прличев“ кои заедно со професорот по музичка уметност Боби Спироски ќе изведат неколку композиции.
Денот на ослободувањето на Охрид со неколку активности ќе го одбележи и јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ . Во административните простории на претпријатието ќе се организира крводарителска акција во која ќе учествуваат вработени од претпријатието, а ќе биде извршена и презентација на нова опрема и машини. Во рамки нна прославата на дел од вработените ќе им бидат додедлени јубилејните награди за 10, 20 и 30 години непрекината работа во јавното претпријатие.