Претседателот на Советот на Општина Охрид, Душко Јаковчески, оствари средба со делегација на Здружението на семејствата на загинати бранители- Херои на Македонија предводена од претседателот Владо Стојаноски.

На традиционалната средба, претставниците од здружението истакнаа дека имаат соработка со сите локални самоуправи и истакнаа дека се залагаат за именување на улици во секоја општина каде што има загинат бранител, за одбележување на денот на загинување и вработување на децата на загинатите бранители кои имаат завршено високо образование.

Претседателот на Советот Јаковчески истакна дека болката на семејствата не можат да ја надополнат со ништо, но дека Општина Охрид ќе направи се што е во рамките на нејзините можности да им помогне на овие семејства.

OhridNews