Општина Охрид со пригодна свеченост ќе го одбележи 11 Октомври – Денот на востанието на македонскиот народ.

Општинскиот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната и Антифашистишка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Охрид и Дебарца со поддршка на општина Охрид, во понеделник организира свечена прослава на која е предвидено да се обратат градоначалникот Александар Петрески и претседателот на општинскиот одбор на Сојузот на борци на Охрид и Дебарца, Гоце Георгиевски.

Во вторник, на денот на празнувањето, делегации на општина Охрид и Сојузот на борци на Охрид и Дебраца ќе положат свежо цвеќе пред Спомен-обележјата на НОВ.

OhridNews