Да го потсетиме премиерот Груевски дека тој  е најголемиот кочничар за развојот на Охрид , најпознатиот туристички и културен центар во Република Македонија. Наместо да го изгради автопатот од Гостивар до Охрид, кој го имаше ветено уште во 2006 година, сега се премисли и парите ги насочи  за изградба на  автопатот до Штип, стои меѓудругото во реакцијата од локалната самоуправа во врска со обвинувањата на премиерот Груевски, дека охридскиот градоначалник не соработува со владата.

– Охриѓани речиси две години ги остави без болница и без примарните здравствени услуги. Комплетно го уништи гигантот ЕМО, која беше трета фирма во Република Македонија по обрт на пари. Од една страна Груевски говори за странски инвестиции, а од друга страна десетици урбанистички планови стојат во фиоките во Министерството за транспорт и врски и неаргументирано не добиваат дозволи. Не инвестираше ниту еден денар во туристичкиот центар, кој треба да го претставува лицето на Република Македонија пред светот. Кој тука не соработува? Кој свесно го кочи развојот на Охрид?, се наведува во реакцијата.

OhridNews