Oпштина Охрид за шест месеци ќе ги воведе стандардите ISO 9001:2008, кои се всушност системи за управување со квалитет во менаџирањето со локалната администрација. Проектот ќе го реализира  Центарот за менаџмент и косултантски услуги „ Квалиет “ од Охрид кој има  соработка со познатата австриска  организација за сертификација и оценување „QUALITYAUSTRIA“ – информираат од Локалната самоуправа.


Системот за управување со квалитет е начин со кој јавните институции можат да ги насочуваат и контролираат своите активности, во согласност со задоволувањето на потребите и очекувањата на граѓаните . Генерално тој ја содржи организационата структура заедно со плановите, процесите и документациите што се потребни за да се постигнат квалитетни цели и да се обезбедат континуирани подобрувања на услугите. Неговата имплементација, на  јавните институции им обезбедува  алатка со која истите ќе можат да ја стекнат довербата кај граѓаните.

ISO 9001:2008 (Систем за управување со квалитет) треба да биде систематски насочен и контролиран со цел една институција да може да биде успешна. Ова практично се однесува на јавните институции каде транспарентноста и одговорноста се витални елементи во придобивање на довербата и лојалноста на граѓаните. Единствено орджливиот успех ќе резултира со имплементација на систем за управување со квалитет со кој ќе можат да се воочат и утврдат потребите и очекувањата на сите заинтересирани лица, велат од Локалната самоуправа.

OhridNews