Крајно несериозно и лицемерно е  ОК на ВМРО- ДПМНЕ од Градоначалникот Александар Петрески да бара да ги крши законите и да го ослободи Министерството за култура од обврската  да ги плати комуналните  давачки за изградба на административните објекти во рамките на проектот „Плаошник 2014“. Уште  полицемерно е ако се знае дека актуелната власт на чело со ВМРО- ДПМНЕ масовно апси за неплаќање даноци ,а преку сопартијците во Охрид бара, градоначалникот да им ги прости законските давачки, стои во испратената реакција од кабинетот на градоначалникот Петрески, а во врска со обвинувањата на ОК на ВМРО- ДПМНЕ изнесени на денешната прес конференција.

Оние кои за 5 години во администрацијата вработија над 25 илјади партиски кадри , сега јавно обвинуваат за партиски вработувања во локалната самоуправа. Зарем во ОК на ВМРО- ДПМНЕ заборавија за списоците со партиски вработувања, новите партиски вработувања во шумското претпријтие Галичица, Општата болница, СВР и во други државни установи. Зборуваат за другите без да признаат дека  почнаа  масовни вработувања со кадри од ВМРО- ДПМНЕ преку агенциите  за времени вработувања, но сега  по принципот седи дома , а земај плата. Господо од ОК на ВМРО- ДПМНЕ престанете да ја манипулирате охридската јавност. Очигледно сте во предизборна паника , па за се ви е виновен градоначалникот. Вашата партија ВМРО- ДПМНЕ   веќе обезбедила 220 милиони Евра за предизборни активности, но не се знае колку ќе ви помогнат ако почнавте да барате да ве ослободувааат од законски државни  давачки, стои во реакцијата.

Ohridnews