Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  Дејан Пановски, доколку вистински се грижи за стандардот на граѓаните, кои поради лошото владеење на неговата партија се на работ на сиромаштијата, нека побара Владата да ги намали цените кои секојдневно се покачуваат- на  електричната енергија, телефонот , прехрамбените и другите основни производи кои во последно време се зголемени од 20 до 50 отсто, се наведува во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска со барањата на советникот Дејан Пановски за намалување на цените на услугите на јавните претпријатија во Охрид.

– Цените на услугите на Јавните претпријатија „Охридски комуналец“, „Проаква“ и „Нискоградба“ се формирани кога нафтата беше 30 денари за литар , а електричната енергија имаше триста отсто пониска цена од сегашната. Советникот на ВМРО- ДПМНЕ  треба да знае дека сегашното намалување на цените на нафтените деривати за неколку денари , нема битно да влијае врз намалувањето на трошоците во охридските јавни претпријатија. Очигледно е дека кај Пановски поважни се  партиски цели  од интересите на охриѓани, па си дозволува да купи некој политички поен од се посиромашните  граѓани, стои меѓу другото во реакцијата.

OhridNews