Кабинетот на градоначалникот Александар Петрески, одговори на прозивките упатени кон кандидатот за трет мандат од страна на Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, од кладе побараа тој и лидерот на СДСМ да одговорат каде се потрошени 50 милиони евра од општинскиот буџет во изминатите 8 години и зошто долгот на општината надминале над 20 милиони евра.

-Јавноста знае дека 70 отсто од буџетските средства во Општина Охрид во изминативе повеќе од 7 години од двата мандати на Петрески , се потрошени за инфраструктурни капитални инвестиции, а не за изградба на споменици. Загрижените партиски војници на ВМРО- ДПМНЕ, ќе мора  да ја консултираат партиската централа  и во  во предвечерието на локалните избори на охриѓани да им објаснат  како и за што  владата на нивниот лидер Груески и коалиционите партнери потрошија 18 милијарди евра, се вели во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот, во која се посочува дека ВМРО ДПМНЕ е во паника по кандидатурата на Петрески за трет мандат.

Реагираше и општинската организација на СДСМ која смета дека лидерот и актуелен премиер е тој што треба да објасни зошто Охрид денес е во тешка економска состојба.

-Фабриките во Охрид се затворени во периодот од 1998 до 2002 година кога Груевски во владата на ДПМНЕ беше министер за трговија, а потоа и за финансии. Во тој период кога Груевски го потпиша Фесал аранжманот и на улица со еден неегов потпис останаа 35.000 работници, се продадоа: Емо со познатата афера Арарат и Даравелски, Трудбеник за само 250.000 тогашни марки а со основни средства и залиха на репроматеријали во износ од 3 милиони евра, Братство, со дисконт од 80%,  Езерка исто така со дисконт, па се распродаде на делови, продажбата на Отекс е посебна прикаска, стои во реакцијата на ОО СДСМ Охрид.

OhridNews