– Кога веќе говориме за транспарентност, ја повикуваме ВМРО – ДПМНЕ да одржи прес – конференција на која ќе ја обелодени транспарентноста за изградбата на спомениците од проектот ”Скопје 2014”, проект каде што се прелеваат и перат милиони евра. Не е коректно да ја залажуваат јавноста со места каде што некои сиромашни граѓани кои, доведени на работ на егзистенцијата, продаваат пуканки и разни ситни сувенири, барајќи спас од моменталната економската состојба која им ја донесе актуелната власт, се наведува во реакцијата.
Во неа се додава дека доколку советничката група на ВМРО-ДПМНЕ навистина е заинтересирана за градот и случувањата во него, не треба неосновано да ги напушта седниците на Советот на Општина Охрид, за кои се избрани од граѓаните на Охрид и каде имаат обврска да ги застапуваат.