Наместо да се препукуваме со голи фрази, за кои и самите добро знаете дека немаат скоро никакво значење, Ви нудиме Вам, но првенствено на граѓаните на Охрид, кои добро знаат како и колку е чист градот неколку фотографии од утрово, па нека проценат самите, а и Вие, дали и колку е чист градот, стои во реакцијата од локалната самоуправа по одржаната прес конференција на советникот од ВМРО ДПМНЕ Илија Арнаудоски во врска со комуналната хигиена во градот.


- Тоа се прави за да имаме чист град, за туристите, но најмногу за нашите граѓани, кои 365 дена живеат во Охрид. Градот се чисти во 3 смени и резултатите од тоа се видливи. Паралелно се реализира проектот „Прати слика, пријави отпад“, во кој граѓаните секојдневно не информираат за местата каде има повеќе ѓубре, што се санира во најбрз можен рок. Изминатиов период се одвиваше редовно чистење после сите музички, забавни и спортски настани на СЦ „Билјанини извори“, „Долни сарај“, Антички театар и градските плоштади. Во летниот период е неколку кратно зголемена фреквенцијата
на луѓе, нашите возила тешко се движат по градот, но и покрај тоа успешно се завршија сите работни задачи, велат од локалната самоуправа.
OhridNews












