
„Организацијата на работата на општинската администрација е во надлежност на градоначалникот, согласно законските прописи и актите на локалната самоуправа, а легитимитетот е добиен од граѓаните на избори на кои нивната опција и нивниот кандидат доживееја убедлив пораз. Покрај, другото и поради нерационалниот број партиски вработени лица, за кои уште еднаш потсетуваме, за голем број од нив немаше никаква евиденција во општинската администрација. Крајно е дегутантно и без трошка морал, СДСМ да се повикува на критериум, морал и чесност, кога јавноста знае дека не така одамна вработените беа принудувани на улична демократија, водени по градовите и плоштадите низ Македонија, заканувајќи им се дека “им висат работните места“ доколку не се појават на митинзите.“ – стои во рекацијата на општина Охрид.
Оттаму велат дека новата локална власт останува на јавно декларираните заложби, за реформа на општинската администрација според светските стандарди и реалните потреби на граѓаните.
„Во тоа најмалку може да не спречи безидејноста на ОО на СДСМ и нивната лажна грижа за вработените во општинската администрација.“ – велат од општина Охрид.
OhridNews
СДСМ: Партиски реваншизам и невиден притисок врз државните службеници во Охрид











