Со наближувањето на локалните избори , се поголем е стравот во ОК на ВМРО- ДПМНЕ дека по трет пат ќе бидат поразени од актуелниот градоначалник на Охрид Александар Петрески. Стравот го манифестираат со секојдневни прес конеренции и неаргументирани напади врз Петрески , сакајќи при тоа да го свртат вниманието на јавноста од катастрофалното владеење на ВМРО- ДПМНЕ на чело со нивниот лидер и актуелен премиер Никола Груески, стои во реакцијата од кабинетот на градоначалникот во врска со денешната прес- конференција на општинската ВМРО- ДПМНЕ.

– Очигледно е дека во ОК на ВМРО- ДПМНЕ не сакаат да признаат дека нивната партија во заложништво ја држи цела Македонија , а нивните градоначалници  се тие кои прават нелегални бизниси со амин на партиската централа.Ги повикуваме челниците од ОК на ВМРО- ДПМНЕ , пред јавноста транспарентно да објаснат за времените вработувања на волонтерите во Општата и Специјалната  болница за ортопедија и трауматологија,  колку пари плаќаат за придонеси , а земаат плата од 4 илјади денари. Самоповиканите борци  за социјални права од ВМРО- ДПМНЕ нека го запрашаат нивниот лидер Груески и министрите од нивната влада зошто на вработените во ЕМО , компанија која е во државна сопственост,  не се плаќаат придонеси и стотици вработени  ќе останат без здраствено и пензиско осигурување, стои меѓудругото во реакцијата.

OhridNews