СДСМ продолжува со манипулација и заморување на јавноста. Се што го кажаа беше својствено ( за среќа на охриѓани) за едно минато и веќе свршено време, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа, во врска со денес изнесеното на прес конференцијата на општинската СДСМ.

– Тоа е олицетворение на времето од владеењето на СДСМ, кога под силен притисок вработените во општинската администрација и вработените во училиштата , градинките и јавните претпријатија ги користеа за декор на митинзите на СДСМ. Единствено нешто што сега се бара од вработените е да ги извршуваат работните задачи и проектите кои им се доделени. За разлика од тоа време, вработените  сега не се третираат како  декор за на митинзи, стои во реакцијата од локалната самоуправа.

Оттаму, додаваат дека доколку постои некој врз кој е вршен притисок за некакви списоци или е применета сила во врска со носење на гласови, тоа јавно да излезе и да го каже и потврди низ соодветна постапка.

OhridNews