Општина: СДСМ во Охрид не остави ниту проект освен финансиски пустош и огромни долгови
26.03.14 19:24
Ништо ново од СДСМ, кога се работи за оценка на работењето на локалната самоуправа. Празни зборови и излитени политички фрази, се разбира без факти и конкретни показатели. Уште еднаш ги потсетуваме на ноторниот факт: СДСМ на Охрид и неговите граѓани, не му остави ниту еден готов проект, но затоа зад нивното раководење со општината остана финансиска дупка од над 33 милиони евра, урбан хаос и пренатрупана државна и јавна администрација, се наведува во реакцијата на општина Охрид, по повод денешното соопштение од ОО СДСМ Охрид.
„Проектите кои ќе бидат реализирани, се од кредитна линија, за кои претходно има позитивен став од Светска Банка, а како издржани се оценети и од Министерството за финансии. Ова покажува дека во СДСМ ниту знаат, ниту можат да изработат проекти од витално значење за градот и нашите граѓани. А, за тоа кој ги дели граѓаните на наши и ваши, покажува реченицата во нивното соопштение, каде партиски си ја присвојуваат локалната администрација.“ – велат од општина Охрид.
Охридскиот регион како светско културно и природно наследство има исклучителна универзална вредност за нас, порача министерот за транспорт Александар Николоски од Париз На средба во седиштето на УН...
Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со УНЕСКО го распишаа конкурсот за меѓународната поетска награда „Мостови на Струга“ 2026 за најдобра дебитантска книга од млад автор Ко...
Под насловот „Осмели се, инспирирај, промени – политичкиот интегритет низ очите на младите“ платформата за одржлив развој „Лице в лице“ утре во Струга во просториите на Europe House во Струга ќе о...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.