Денес изнесеното од општинската ЛДП во врска со овогодинешното поставување на лизгалиштето на мраз од локалната самоуправа го оценуваат како обид на политичката партија за ситни маркетиншки поени втора година по ред, изнесувајќи невистинити, неточни, неаргументирани и воопшто законски не поткрепени изјави во однос на процедурата за поставување на лизгалиште на Градскиот плоштад.
– Нас не не’ зачудува непознавањето на законската регулатива од страна на политичките партии сателити на претходната локална власт затоа што доколку навистина ја познаваа правната процедура сигурно ќе му сугерираа на нивниот градоначалник да не прави толку многу правно – процедурални грешки во текот на неговите два мандати. Во секој случај наша обврска е пред јавноста како и секогаш, транспарентно да ги образложиме нашите постапки, а веруваме дека од одговорот поука ќе извлече и единствениот претставник на опозицијата кој се занимава со оваа тема во насока да се искористува овој проект и следствено на тоа може да се донесе заклучок дека тој е единствениот граѓанин на Охрид на кого му смета поставувањето на лизгалиштето во Охрид, потенцираат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека во однос на процедуралниот дел за поставување на лизгалиштето, постапките спроведени минатата година и оваа година се тотално различни, односно дека се работи за два различни концепти или модели за изнаоѓање на приватен партнер кој ќе постави лизгалиште на Градскиот плоштад.
– Минатата година Секторот за ТЛЕР со цел презентација на лизгачките спортови на Градскиот плоштад, популаризација на истите и нивно искористување во туристички цели, успеа да пронајде партнер врз кој што договор за деловно техничка соработка договорија соработка и лизгалиштето беше поставено на Градскиот плоштад.Јавниот интерес на Охрид и охриѓани беше заштитен со тоа што покрај трошоците за потрошена електрична енергија и комунална такса ги исплати, беше обврзан да обезбеди повеќе од 15 000 бесплатни термини за сите учесници од основните и средни училишта и деца од социјално ранливи категории, а картата за користење на лизгалиштето да не биде повисока од 100 денари. Општина Охрид лизгалиштето го доби на бесплатно користење. Оваа година Секторот за туризам и локален економски развој со допис го извести градоначалникот дека не успеал да пронајде партнер кој би оперирал со лизгалиштето по истите услови од минатата година и за таа цел побара да објави јавен оглас преку кој ќе даде можност идниот партнер комерцијално да работи со лизгалиштето, велат од локалната самоуправа, велат од локалната самоуправа.
OhridNews