– Аналитичарите на ОК на ВМРО- ДПМНЕ , кои го пишувале соопштението, требало да го погледаат извештајот за реализирањето на буџетот за минатата година , јавен документ објавен на општинската веб- страница. Таму, до денар ќе видат каде се трошеле буџетските пари. Нека направат разлика што е направено во Охрид , а што во општините , каде имаат нивни градоначалници , кои користат и средства од државниот буџет. Градоначалникот Александар Петрески , Советот на општина Охрид и локалната администрација секојдневно внимаваат каде се троши секој денар и се одговорна власт. Граѓаните на Охрид имаат доверба и неа ја потврдија во два изборни циклуси, стои во реакцијата.
Општина: Се внимава каде се троши секој денар од општинскиот буџет
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











