Општина: Со парите од Плаошник ќе се реализираат голем број инфраструктурни зафати
28.03.11 10:15
Зарем има некој толку политички наивен да наседне на најновата перфидна политичка игра во која ОК на ВМРО- ДПМНЕ и нивната советничка група сакаат да го навлечат Градоначалникот Александар Петрески, незаконски да ја ослободи Владата од плаќање на комунални давачки во износ од 1, 6 милиони евра. Се ставаат во улога на адвокати на владата на Груевски и без трошка одговорност ја убедуваат јавноста дека подобро било со тие пари наместо инфраструктурни и комунални проекти да се изградел објект во сферата на културата, но не кажуваат каков, кога и каде, се наведува во дописот испратен од Локалната самоуправа во врска со обвинувањата од страна на ОК на ВМРО- ДПМНЕ.
– Господо од ВМРО- ДПМНЕ . Ве прашуваме дали со вашиот предлог свесно сакате Охрид да изгуби 1,6 милиони евра и тие пари , по сугестија на вашиот претседател на ОК на ВМРО- ДПМНЕ Атанаско Михаилов, сакате да ги пренасочите за развој на Делчево и околината. За разлика од вас , Градоначалникот Александар Петрески и локалната самоуправа знаат и веќе имаат програма, како и каде да ги вложат 1,6 милиони евра, пари од кои вие сакате да се откажеме и да и ги опростиме на централната власт. Асфалтирањето на дел од улиците во болничкиот комплекс, патот до црквата Св. Никола во Велгошти, во Пештани, се само дел од зафатите кои би се реализирале со парите од комуналиите за проектот Плаошник 2014, велат од Локалната самоуправа.
Наскоро ќе започне изградбата на атмосферска канализација на просторот кај градските гробишта, по што ќе следува и целосно асфалтирање, најави денеска градоначлникот Кирил Пецаков при посетата на ј...
Во издавачката програма на „Струшките вечери на поезијата“ од печат излезе панорамата на македонската винска поезија „Дионис и Свети Трифун“ која ја приреди Славе Ѓорѓо Димоски и на фестивалот имаш...
По повод големиот православен празник „Рождество на Пресвета Богородица“ – „Мала Богородица“, бродовите Александрија 1 и 2 во сабота 20-ти септември, вечерта ќе пловат до манастирот во Калишта по с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.